На сагата за заминувањето на Виктор Ѓoкереш од Спортинг и неговата преселба во Арсенал се чини дека и нема крај. За истата сега се огласи и претседателот на португалскиот клуб Фредерико Варандас.
Ѓoкереш не се појави на подготовките на Спортинг за новата сезона бидејќи воопшто нема намера да игра за португалскиот тим во иднина, но од клубот се децидни на ставот дека нема попуст кога станува збор за цената на трансферот и истиот нема да се реализаира доколку не се исполнат барањата во целост.
„Ако не сакате да ја платите правата цена за Виктор, ние сме многу конфортни со тоа да биде дел од тимот и во следните три години. Оваа стратегија исто така чини повеќе компликации за играчот да замине. Никој не е над интересот на клубот. Кој и да е“, изјави Варандас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

