„Децата мислеа дека ќе играм за Челси“ – Енди Керол е нов фудбалер на шестолигаш!

Поранешниот англиски репрезентативец Енди Керол кој во кариерата настапуваше за Њукасл Јунајтед, Вест Хем и Ливерпул направи нов изненадувачки трансфер и во новата сезона ќе биде дел од англискиот шестолигаш Дагенхем и Редбриџ.

Дагенхем и Редбриџ неодамна беше превземен од страна на катарски инвеститори, а со самиот потпис за клубот и Керол доби мал број од акциите.

Керол кој минатата сезона настапуваше за Бордо во втората француска лига и тоа играше со финансиска загуба откри дека одбил понуди од најдобрите пет првенства во Европа.

„Сакав да се врата мдома. Можев и да потпишам за топ клуб. Моите деца мислеа дека ќе играм за Челси. Ова им беше шок. На фантастична локација сум, блиску децата. Ќе можат да ме гледаат, а се надевам дека ќе ги викнат и пријателите. Право време е јас и семејството да се смириме“, изјави Керол.

Се вчитува...