Солзи и тага: Ливерпул го одигра најемотивниот натпревар во историјата (ФОТО+ВИДЕО)

Ливерпул ги започна подготовките за новата сезона со пријателски натпревари против англискиот второлигаш Престон. „Црвените“ стигнаа до триумф од 3-1, но резултатот беше во втор план и остана во сенка на големата трагедија која го стресе светот на фудбалот, прераното починување на португалскиот фудбалер Диого Жота.

Двата тима му оддадоа почит на Португалецот со едноминутен молк пред средбата, а и капитенот на Престон положи венец пред навивачите на Ливерпул додека низ звучниците свиреше химната на клубот „You’ll never walk alone“.

Емотивните сцени од Престон погледнете ги низ фотографии.

Се вчитува...