Френк Ламапрд, легендата на Челси кој по преуспешната играчка кариера заплива и во тренерските води имаше интересна изјава поврзана со Вејн Руни.
Лампард и Руни беа ривали во Премиерлигата, но и соиграчи во репрезентацијата на Англија па асот на Челси имаше само пофални зборови за асот на Манчестер Јунајтед, велејќи дека тој е единствен со Лионел Меси.
„Бевме ривали, ни никогаш не би покажал непочит кон него. Тој е најкомплетниот фудбалер кој го имам видено. Може да игра во напад, во средина, може да ја води играта. Само Меси може да го направи тоа. Никогаш немало и нема да има друг Руни“, вели Лампард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

