Кукуреља: Да докажеме дека поминаа проблемите на Челси со нов трофеј

Челси денеска од 21 часот ќе си ги одмери силите со ПСЖ во финалето на ФИФА Светското клупско првенство кое за прв пат во нов формат се одржува во Соединетите американски држави.

Пред натпреварот за медиумите говореше Марк Кукреља, шпанскиот репрезентативец кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во турболентен период кој се чини дека е пред крај со успешната сезона и самиот пласман во големото финале.

„Имавме добра сезона. Кога пристигнав во клубот беше тешко. На почетокот имаше многу промени, за резултатите беа лоши. Секогаш се обидувавме да дадеме 100 отсто. Знаеме дека Челси е голем клуб. Заслужуваме да бидеме во финалето и можеме да постигнеме уште многу големи нешта. Многу напорно работевме да дојдеме до тука и се надевам дека може да ја завршиме сезоната со голем трофеј“, изјави Кукуреља.

Се вчитува...