Челси е освојувачот на првиот трофеј на новото издание на ФИФА Светското клупско првенство во 32 тимови откако во големото финале го надигра фаворизираниот ПСЖ славејќи со 3-0.
Челси преку фантастичниот Кол Палмер брзо стигна до предност. Англискиот репрезентативец ја затресе мрежата во 22. минута, а само осум минути подоцна скоро на идентичен начин го постигна и вториот гол за својот тим.
До полувремето во листата на стрелци се запиша и новото засилување на „сините“ Жоао Педро кој одлично го искористи додавањето на Палмер во шестнесетникот за 3-0 по 45. минути игра.
Педро беше заменет во 67. минута од страна на Делап кој имаше две шанси да донесе и поголема предност за својот тим, но во двата обиди Донарума покажа класа на голот спречувајќи го Англичанецот да ја затресе мрежата.
Во 84. минута ПСЖ остана и со играч помалку откако Невес го повече Кукуреља за коса па по преглед на снимката на ВАР доби и директен црвен картон, а и покрај тоа што парижани беа со играч помалку во 90. минута имаа и шанса да го убалажат поразот, но Рамос потфрли на половина метро од голот на Санчез.
FIFA CLUB WORLD CUP WINNERS!!! 🏆 pic.twitter.com/KnbFOjfqzg
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

