Со синоќешнотоо финале и официјално беше завршено првото светско клупско првенство во нов формат, идеја на Џани Инфантино и неговите соработници која имаше бројни пропусти при организацијата, но затоа имаше и рекордна заработувачка за клубовите учесници.
Вкупниот буџет што ФИФА го подели на екипите кои беа дел од ова натпреварување изнесува огромна една милијарда долари (726 милиони фунти), од кои 525 милиони долари беа поделени меѓу клубовите за самото учество, додека останатите 475 милиони се делеа врз база на резултатите на мундијалот.
ОЕвропските екипи добиваа од 12,8 милиони до 38,9 милиони долари за самото појавување во зависност од клуибот, додека за останатите континенти беа утврдени фиксни награди за учество, во Јужна Америка тоа изнесуваше 15,21 милион долари, за Северна и Централна Америка, како и з аАзија и Африка – по 9,55 милиони долари, додека за Океанија оваа цифра изнесуваше 3,58 долри.
Очекувано, на врвот на листата на заработувачка се најде шампионот Челси со 84 милиони фунти, пред ПСЖ со 78,4 милиони и Реал Мадрид со 66,5 милиони фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

