Енрике со смешно објаснување: Сакав да ги раздвојам, но …

Луис Енрике го навлече бесот на светската фудбалска јавност со срамното однесување по завршувањето на клупскиот мундијал што неговиот ПСЖ го загуби со 3-0 од Челси, по што трофејниот стратег го удри противничкиот фудбалер Жоао Педро.

Енрике тргна тој самиот да дели правда откако Педро влезе во конфликт со двајца негови фудбалери (Донарума и Хакими), а по смирувањето на страстите стратегот на ПСЖ се обиде да ја смири тензијата – со смешно објаснување.

„На крајот од натпреварот дојде до ситуација што можжевме да ја избегнеме. Мојата намера како и секогаш беше да ги раздвојам играчите за да не дојде до нови проблеми. Сите моравме да спречиме ситуацијата да ескалира, имаше многу тензија, многу притисок“, истакна Енрике.

Потоа, тренерот на ПСЖ го прокоментира и однесувањето на својот ривал од спротивната страна, Италијанецот Енцо Мареска.

„Видов како Мареска турка играчи, а други како го туркаат него. Тоа се ситуации што сите мораме да ги избегнеме, затоа тргнав да ги раздвојувам играчите“, прокоментира Шпанецот, воопшто не споменувајќи го срамниот гест – удирање на противнички фудбалер.

Се вчитува...