Челси во голем стил стигна до титулата на клупскиот мундијал декласирајќи го европскиот првак ПСЖ со 3-0, а во главна улога беше Кол Палмер.
Англискиот репрезентативец блесна на најважниот меч, постигнувајќи два гола и една асистенција, па Палмер заслужено беше избран за играч на финалето, а потоа го крена и признанието за МВП на овој клупски шампионат.
Челси имаше уште еден лауреат при индивидуалните награди, Роберт Санчез беше избран за најдобар голман на натпреварувањето, додека Гонзало од Реал Мадрид го доби признанието за најдобар стрелец.
Како слаба утеха за загубеното финале – ПСЖ го имаше најдобриот млад фудбалер на ова натпреварување, награда што заврши во рацете на Дезире Дуе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

