Неочекувана тужба против Јамал по неговата забава за 18. роденден

Ламин Јамал сакаше спектакуларно да го прослави својот 18. роденден, но суперѕвездата на Барселона си создаде огромни проблеми со изборот на аниматори за оваа прослава.

Имено, шпанските медиуми објавија како Јамал ангажирал бројни лица со низок раст да бидат дел од анимацијата за неговата забава, со што го навлече бесот не само на јавноста, туку и на здруженијата кои работат на заштита на овие лице и најавија и судски тужби против шпанскиот фудбалски репрезентативец.

Здруженијаето на лица со абондроплазија и други скелетни дисплазии кои причинуваат џуџест раст (АДЕЕ) жестоко го осуди ваквиот нечувствителен однос на фудбалерот.

„Апсолутно неприфатливо е во 21 век луѓе со низок раст да бидат користени како средства за забава на приватни забави. Уште позагрижувачки е што вакви дејствија се покренуваат од познати јавни фигури како Ламин Јамал. Нашето дотоинство и нашите права не се забава за никого, под било кои околности. Ги разгледуваме сите опции за покренување на судски процес, за вакво нешто никогаш да не се повтори“, се вели во соопштението на АДЕЕ.

Се вчитува...