Трансферот на Виктор Ѓокереш во Арсенал повторно е пред реализација откако конечно е надмината пречката од Спортинг Лисабон во преговорите за преселбата на шведскиот ас во Премиер-лигата. Спортинг јасно стави до знаење дека нема да ја прифати понудата од 63,5 милиони евра плус 10 милиони преку клаузули, додека Арсенал категорично порача дека нема намера да плати ниту евро повеќе за Ѓокереш.
Јасно беше дека некој ќе мора да попушти ако се сака овој трансфер да биде реализиран, а тој некој на крајот е – агентот на Ѓокереш, Хасан Четинкаја. Свесен дека се може да пропадне доколку Арсенал тргне по друга напаѓач на пазарот, Четинкаја реагирал откажувајќи се од својата провизија од седум милиони евра што требаше да му биде исплатена од страна на Спортинг, според претходниот договор што го имаше со португалскиот клуб.
Тој се откажува од својот дел од парите (иако дел од медиумите најавуваат дека ќе му бидат покриени од страна на Ѓијокереш), Арсенал нема да плати ниту евро повеќе, но затоа Спортинг ќе ја задржи целата отштета платена од англискиот клуб. Португалските медиуми најавуваат дека веќе нема апсолутно никаква пречка и Ѓокереш до крајот на оваа седмица и официјално ќе се пресели во Арсенал, за конечен крај на оваа трансфер-сага што неочекувано се одолговлечи…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

