Арсенал не запира – доведе нов дефанзивец за 20 милиони евра

Раководството на Арсенал е решено да стори се за да состави тим со кој Микел Артета би успеал конечно да стигне до титулата во Премиер-лигата. Веќе се комплетирани трансферите на Зубименди, Кепа и на Кристијан Норгард, а во исчекување на потписот на Виктор Ѓокереш „топчиите“ успеаја да договорат уште едно квалитетно засилување.

Овојпат станува збор за дефанзивец, и тоа за Кристијан Москера од редовите на Валенсија, кој се наоѓаше на врвот на листата желби на Артета. Тој се уште смета на Габриел и Салиба како на идеален тандем во одбраната, но шпанскиот стратег бараше нов дефанзивец што би бил резервна варијанта кога еден од овие двајца би бил повреден, казнет или едноставно би требало да добие заслужен одмор во пеколниот распоред натпревари.

„Топчиите“ долго преговараа со Валенсија, за денеска конечно да биде постигнат целосен договор – шпанскиот клуб ќе има загарантирани 15 милиони евра, но со неколку лесно остварливи клаузули сумата на трансферот ќе достигне максимални 20 милиони евра.

Се вчитува...