По блесокот на Светското клупско првенство се сели во Премиерлигата

Колумбискиот репрезентативец Џон Ариас го предводеше својот Флуминенсе до полуфиналето на ФИФА Светското клупско првенство па со одличните настапи си осигура и трансфер во Премиерлигата.

Преговорите помеѓу бразилскиот тим и Вулверхемптон се во завршна фаза за трансфер вреден 20 милиони евра кој го посакува и самиот 27-годишен фудбалер.

Ариас на турнирот кој се одржа во Соединетите американски држави забележа гол и асистенција. Во текот на сезоната пак одигра 34 натпревари и постигна четири голови и 13 асистенции.

Се вчитува...