Фудбалер го тужи Манчестер Јунајтед за „лекарска небрежност“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алекс Туанзебе кој сега настапува за Барнли го тужи тимот од „Олд Трафорд“ за „лекарска небрежност“, пренесува „Би-Би-Си“.

Туанзебе со 2022 година помина повеќе шест месеци надвор од теренот поради повреда, а сега од Манчестер Јунајтед бара надомест за оштета од повеќе од милион фунти.

Репрезентативецот на ДР Конго беше фудбалер на Манчестер Јунајтед од 2015 до 2023 година, но забележа само 37 натпевари во дресот на „црвените ѓаволи“ во сите конкуренции. Поголем дел од времето го помина на разни позјмици.

Се вчитува...