Готово е: Челси и Арсенал потпишаа договор за трансфер на Мадуеке

Нони Мадуеке наскоро и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер „топчија“ откако лондонските ривали Чесли и Арсенал потпишаа договор за негов трансфер во износ од 50 милиони евра.

Договорот е потпишан па останува уште англискиот репрезентативец да ги помине медицинските прегледи и за прв пат во кариерата да го облече „црвено-белиот“ дрес.

Мадуеке пристигна во Челси во 2023 година од редовите на ПСВ за 35 милиони евра. Настапи на 92 натпревари во сите конкуренции бележејќи 20 голови и девет асистенции.

Се вчитува...