Не му е до парите: Гарначо ги одби саудиските милиони

Алехандро Гарначо нема иднина во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што минатата сезона забележа 11 голови и 10 асистенции, а не се гледа себе си во Саудиска Арабија па богатата понуда на Ал Наср била експресно одбиена, пренесуваат англиските медиуми.

Младиот Аргнетинец преферира да остане во Европа каде постои сериозен интерес од страна на Наполи на кој му беше трансфер мета и во текот на зимскиот преоден рок.

Единствената пречка за реализација на трансферот е сумата која ја бара Манчестер Јунајтед од 57 милиони евра, што е за 12 милиони повеќе од последната понуда на италијанскиот тим.

Се вчитува...