Ливерпул бара замена за Дарвин Нуњез во нападот, а изборот падна на фудбалерот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, пренесувааат англиските медиуми.
Матета е дел од Кристал Палас од 2021 година и веќе стекна богато премиерлигашко искуство за превземање на нападот на Ливерпул. За тоа доволно говори и фактот дека минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на лондонскиот тим со 14 постигнати голови.
За ангажман на Матета Ливерпул е подготвен да издвои 60 милиони евра, сума која што се очекува да биде прифатена од страна на Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

