Ливерпул ја одби првата понуда од Баерн за Лиус Дијаз

Баерн Минхен започна сериозен обид да го потпише Луис Дијаз од Ливерпул. Но, англискиот шампион ја одби првата понуда.

Сега дефинитивно им е јасно на сите дека толкувањата на некои сигнали дека Ливерпул ќе го ослободи Луис Дијаз беа целосно неосновани. „Црвените“ дефинитивно не сакаат да се откажат од еден од своите најдобри играчи. Барем не по цената што ја понудија германските шампиони.

Баварскиот гигант понуди 67,5 милиони евра, но понудата беше категорично одбиена.

Барселона е исто така многу заинтересирана за Дијаз, но со оглед на нивните финансиски проблеми, тешко дека ќе можат да ги задоволат апетитите на „црвените“.

Колумбиецот има важечки договор до 2027 година. Минатата сезона, тој запиша 17 гола и осум асистенции на 50 мечеви во сите натпреварувања.

Се вчитува...