Ливерпул летово го урна рекордот за најскап трансфер во историјата на Премиер-лигата ангажирајќи го Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, а актуелниот англиски првак сега се подготвува да го урне сопствениот рекорд, за ангажман на Александар Исак.
Најавеното заминување на Дарвин Нуњез и шокантната смрт на Диого Жота го оставија Арне Слот со минимални опции за „деветка“ во тимот, а управата е подготвена да ја исполни желбата на холандскиот стратег за да го доведе шведскиот ас на „Енфилд роуд“. Веќе извесно време се шпекулираше за интересот на Ливерпул за Исак, а денска стигна и официјална потврда – старт на преговорите со Њукасл за овој мегатрансфер.
„Црно-белите“ се со првичен став дека нивниот најдобар фудбалер не е за продажба, но и тоа се променило откако Ливерпул искажал подготвеност да плати до 120 милиони фунти, што би бил нов навреден трансфер во историјата на Премиер-лигата.
Не се исклучува можноста во трансферот да бидат вклучени Џо Гомез или Харви Елиот, двајца фудбалери за кои Њукасл покажува сериозен интерес. Така, на Њукасл и би му останале пари за доведување на достојна замена, при што на врвот на листата со желби е Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.
„Црвените“ тргнуваат во офанзива, а англиските медиуми најавуваат дека се очекува сериозен напредок веќе во следните седум дена, се со цел Исак што поскоро да биде доведен на располагање на тренерот Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

