Пари боли глава: Манчестер Сити со најбогат спонзорски договор во историјата

Манчестер Сити имаше зад себе разочарувачка сезона, но Пеп Гвардиола повторно ќе има многу пари за трошење летово. „Граѓаните“ веќе се во офанзива за неколку мегатрансфери, а задачата значително ќе им биде олеснета по новиот спонзорски договор што го потпишаа со компанијата за спортска опрема „Пума“.

Станува збор за договор вреден неверојатни 1,18 милијарди евра со важност до 205 година, од кој „граѓаните“ ќе имаат загарантирани 118 милиони евра секоја сезона, што е значително зголемување во однос на досегашните 77 милиони евра што Сити ги добиваше од истиот спонзор до минатата натпреварувачка сезона.

Како што наведува „Гардијан“, ова е рекорден договор за еден премиерлигашки клуб. Само за споредба, Манчестер јунајтед во 2023 потпиша десетгодишен договор со Адидас вреден 1,06 милијарди евра, додека Ливерпул со новиот договор со „Адидас“ има загарантирани „само“ 71 милиони евра по сезона.

Се вчитува...