Англискиот шампион Ливерпул е заинтересиран за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Уго Екитике.
Ливерпул првично беше заинтересиран за напаѓачот на Њукасл, Александар Исак. Сепак, Њукасл му соопшти на Ливерпул дека нема намера да го продаде Исак и дека верува дека шведскиот напаѓач вреди најмалку 150 милиони фунти, по што шампионите на Премиерлигата се свртеа кон други опции на напаѓачкиот пазар, и тоа токму кон Екитаке (23) кој е исто така посакуван од Њукасл.
Актуелниот освојувач на англискиот Лига Куп испрати рекордна понуда од 70 милиони фунти за францускиот напаѓач, која беше одбиена од германскиот клуб.
„Скајспортс“ денеска објавува дека Ајнтрахт смета дека Екитике, кој постигна 22 гола на 48 натпревари минатата сезона, вреди најмалку 85 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед и Челси се исто така заинтересирани за францускиот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

