Арнаутовиќ ја извиси Црвена Звезда и потпишува за Анталијаспор

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ нема ниту да ја игра прошталната фудбалска сезона во неговата родна Виена и Рапид, за што се шпекулираше.

Арнаутовиќ одлучи да тргне по пари на крајот од својата кариера, а според последните информации, тоа значи Турција. Претходно се шпекулираше дека ќе ја прифати понудата од белградска Црвена Звезда, но очигледно тоа нема да се случи.

Наводно, Анталијаспор му понуди на Арнаутовиќ услови кои тешко се одбиваат, а по разговорот со тренерот Емре Белезоглу, тој е подготвен да ја прифати понудата.

Турците се надеваат дека ќе ја завршат работата што е можно поскоро, за да не мора да се борат со понуди од Саудиска Арабија, Катар и Емиратите.

Се вчитува...