Не е секој Роналдо: Сакаше да го имитира Кристијано, па го повреди коленото (видео)

Неверојатна случка го одбележа дуелот од бразилскиот Паулиста куп меѓу Монте Азул и Гремио Пруденте, на кој гостинскиот напаѓач Кесли заработи повреда на коленото – обидувајќи се да го имитира Кристијано Роналдо.

Беше досуден пенал за гостите што Кесли успеа да го реализира дури од втор обид, погодувајќи по одбиената топка од голманот, по што Бразилецот се обида да прослави на идентичен начин како и неговиот португалски фудбалски идол.

Само што… при доскокот настрадаа колената, па фудбалерот остана во агонија да лежи на теренот…

Не може секој да е Кристијано Роналдо, дури ни при прослава на погодоците…

Се вчитува...