Арсенал го урна рекордот за најголем трансфер во женскиот фудбал

Канаѓанката Оливија Смит (20) го собори рекордот во женскиот фудбалски трансфер со преселбата од Ливерпул во Арсенал.

Клубот од Лондон плати еден милион фунти обештетување за суперталентираната играчка која на тој начин го собори досегашниот рекорд кој го држеше Американката Наоми Гирма.

Во јануари оваа година, Челси плати 900.000 фунти (1,1 милион долари) на нејзиниот поранешен клуб Сан Диего за трансферот на Гирма.

„Привилегија и чест е да се потпише за Арсенал“, изјави Смит на презентацијата во новиот клуб. 

Се вчитува...