ВИДЕО: Убав гол на Херера за Борац Бања Лука… Но, ланскиот хит, сега со дебакл на стартот во Европа

Минатогодишниот хит во Европа, екипата на Борац Бања Лука која минатата сезона успеа да стигне до осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА, овој пат доживеа тотален дебакл со елиминација уште в првото коло, и тоа од андорската екипа Санта Колома.

Вистински шок за фудбалска Европа претставуваше поразот од 1-4 на Борац Бања Лука на домашен терен пред една недела од Санта Колома.

Денеска, на реваншот тимот од БиХ славеше со 0-2 на гости, но не успеа да ја анулира предноста.

Убав гол за 0-1 во 71. минута постигна Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера кој стрелаше од 18 метри.

Сега на голот беше македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски, кој не доби шанса на првиот меч, и овој пат мрежата на бањалучани остана недопрена.

Се вчитува...