Поранешниот играч на Брентфорд, Брајан Мбеумо, ќе биде ново засилување на Манчестер јунајтед, кој се согласи да плати 71 милион фунти на лондонскиот клуб.
Клубот од „Олд трафорд“ понуди 65 милиони фунти фиксна компензација, со дополнителни 6 милиони бонуси.
Јунајтед е заинтересиран да го доведе Мбеумо пред да замине на турнејата во САД во вторник, каде што им претстојат три подготвителни натпревари.
25-годишниот Мбеумо постигна 20 гола во Премиерлигата минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

