По стапките на таткото: Синот на Тијаго Силва потпиша за Челси

Челси денеска објави дека потпишува стипендиски договори со 16 млади фудбалери, но едно име се најде во фокусот на јавноста – Исаго Силва, синот на легендата на лондонскиот клуб, Бразилецот Тијаго Силва.

Неговиот татко настапуваше за „сините“ од 2020 до 2024 година, играјќи 155 средби на кои беше командант на одбраната, но исто така и постигна девет погодоци за Челси.

Исаго Силва е член на младинската академија на Челси уште од У13 селекцијата, а тој минатата сезона на 16-годишна возраст дебитираше за У18 екипата на Челси во лигата за оваа возрасна категорија.

Неговиот татко се уште игра активно во татковината како член на Флуминенсе, но младиот Исаго е решен првите чекори да ги направи токму во Челси. А клубот дефинитивно верува во него, па од над 200 играчи во младинската школа, Исаго е еден од 16-мината кои денеска потпишаа стипендиски договори.

Се вчитува...