Мадуеке потпиша за Арсенал: Сите што ги прашав ми кажаа само убави работи за овој клуб…

Арсенал денеска официјализираше уште еден трансфер откако „топчиите“ потпишаа долгогодишен договор со Нони Мадуеке, англискиот репрезентативец кој ќе ја зголеми конкуренцијата на крилната позиција во тимот.

Раководството на Арсенал по долги преговори успеа да најде заеднички јазик со Челси, плаќајќи над 50 милиони фунти за овој 23-годишен фудбалер, кој првиот блесок на европската сцена го имаше во дресот на ПСВ Ајндховен, потоа имаше и одлични игри како член на Челси, но како што се ближеше крајот на сезоната така и неговата минутажа се намалување.

Во една таква ситуација, Мадуеке летово беше загреан за преселба во Арсенал уште по првите преговори со „топчиите“, експресно ја прифати понудата на овој клуб, а денеска не го криеше задоволството по потписот на договорот.

„Зборував со многу фудбалери, со Рајс, Римбер, Сака… сите ми кажаа само убави работи за Арсенал, за тоа како целиот клуб функционира како едно семејство. Едвај чекам да почнам, да помогнам со мојот стил на игра да го направиме следниот чекор напред и да донесеме трофеј за верните навивачи“, изјави Мадуеке по потписот на договорот со Арсенал.

Се вчитува...