Александар Исак би можел да го напушти Њукасл во овој преоден рок, но тоа нема да биде во редовите на Ливерпул како што беше најавувано во текот на оваа седмица. Во изненадувачкиот развој на настаните, шведскиот голгетер доби зелено светло да си замине од „Сент Џејмс Парк“, но само доколку негова следна дестинација во кариерата е Саудиска Арабија.
Ал Хилал веќе подолго време бара врвен голгетер за да ги засили своите редови, а откако стана јасно дека тоа нема да биде Виктор Осимен (прашање на ден е кога ќе потпише за Галатасарај) фокусот сега е насочен токму кон Исак.
Мора да се истакне дека сопствениците на Њукасл се од Саудиска Арабија, што е клучен фактор за клубот да даде зелено светло за заминување на својот најдобар фудбалер, но само доколку сака да се пресели во оваа држава. Парите нема да бидат проблем, Ал Хилал би издвоил 150 милиони евра за овој мега-трансфер, а Исак би имал неколку пати повисока плата од онаа што моментно ја заработува.
Сепак, останува да се види одговорот на самиот фудбалер, кој е доволно квалитетен за да игра во европските фудбалски гиганти. Дали тој ќе реши да остане во Европа или ќе се пресели во Саудиска Арабија, ќе дознаеме во следните денови…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

