Готово: Екитаке во Ливерпул за 80 милиони евра

Ливерпул и дефинитивно потпишува со напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Уго Екитике, пренесуваат германските медиуми.

„Црвените“ испратиле понуда од 80 милиони евра која е прифатена од страна на Ајнтрахт, па договорот се очекува да биде официјализиран наредниве денови. Доказ дека Екитике заминува дефинитивно од Ајнтрахт Франкфурт е и фактот дека е на клупата на пријателскиот натпревар на Ајнтрахт против ФСВ Франкфурт.

Ливерпул првично беше заинтересиран за напаѓачот на Њукасл, Александар Исак. Сепак, Њукасл му соопшти на Ливерпул дека нема намера да го продаде Исак и дека верува дека шведскиот напаѓач вреди најмалку 150 милиони фунти, по што шампионите на Премиерлигата се насочи токму кон Екитаке (23).

За Екитаке заинтересиран беше и Њукасл, но Ливерпул ја доби битката за овој фудбалер.

Се вчитува...