Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз веќе неколку недели е мета на критики меѓу навивачите на Ливерпул бидејќи не се појави на погребот на својот соиграч Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а само неколку дена подоцна јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот. Сега, пак, со нов удар кон Ливерпул.
Дијаз предизвика огромен гнев кај навивачите на Ливерпул кога не се појави на погребот на својот соиграч Диого Жота пред неколку недели и место тоа присуствуваше на забава во Колумбија. Навивачите на Ливерпул рекоа дека вакви работи не се простуваат и дека на Дијаз му е подобро воопшто да не се враќа на Енфилд.
Но, се чини дека самиот Колумбиец веќе од претходно донел одлука да го смени клубот бидејќи се обидува на секој начин да го напушти Ливерпул, иако на Енфилд не очекуваа да биде толку груб кон нив.
Познато е дека Баерн покажа огромен интерес да го доведе Дијаз и како што стојат работите, Минхен ќе биде неговата нова дестинација. Иако Ливерпул се обиде да извлече што е можно повеќе пари, на крајот токму Дијаз ги чинеше бидејќи почна да поставува ултиматуми и да бара трансфер, а Баерн го искористи тоа за дополнително да ја намали цената.
Имаше информации дека самиот Дијаз ги контактирал челниците на Ливерпул за да им даде до знаење дека повеќе не сака да игра за тој клуб и да го пуштат да оди во Баерн, а не да му поставуваат некои луди цени.
Ливерпул пред неколку дена одби понуда од 68 милиони евра за него, што го налути Колумбиецот и сега сака да се бори за трансферот со сите сили. Тој рече дека повеќе воопшто не сака да игра во дресот на Ливерпул, што е големо предавство за челниците на клубот, бидејќи немале поим дека Дијаз е подготвен на таква уцена само за да си замине.
Баерн внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира бидејќи веќе се договориле за условите на договорот со Дијаз до јуни 2029 година, според кои тој ќе заработува околу 14 милиони евра годишно.
Понудата на Баварците е сè уште на маса и тие се оптимисти дека ќе биде прифатена по бунтот на Дијаз, и дека Ливерпул сега ќе сака да се ослободи од Колумбиецот што е можно побрзо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

