Гвардиола го „избрка“ Едерсон од Сити, и веќе е пред договор со новиот голман

И покрај тоа што беше стандарден голман изминативе години, Пеп Гвардиола се ослободува од лето од Едерсон кој ќе го напушти Манчестер Сити и ќе ја продолжи кариерата надвор од Англија.

Неколку клубови покажаа интерес за Едерсон, но еден тим отиде чекор понатаму и веќе ги заврши преговорите со голманот. Турскиот Галатасарај се договорил за сè со Едерсон и се очекува наскоро да испрати официјална понуда на адресата на Манчестер Сити.

Барем така тврди Фабрицио Романо.

„Манчестер Сити очекува Галатасарај многу брзо да ја испрати првата официјална понуда за Едерсон. Преговорите се во тек со голманот, а наскоро се очекуваат и преговори меѓу двата клуба. Манчестер Сити работи на доведување на Џејмс Трафорд како нов голман“ – тврди Романо.

Се вчитува...