И со 38 години е „волшебник“ – Магија на Лионел Меси среде Њујорк… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами го декласираа тимот на Њујорк Ред Булс со 5-1 во МЛС лигата, а аргентинскиот фудбалер Лионел Меси успеа да постигне два гола на натпреварот, но и со една извонредна асистенција за целосна магија на мечот.

Меси доминира дури и на 38 години на последните пет натпревари во МЛС првенството, постигна осум гола, со по два гола на четири натпревари, а имаше и две асистенции. Мајсторска игра на аргентинскиот фудбалер, кој е и најдобриот играч на американска почва без сомнение.

Њујорк поведе во 14. минута со голот на Александар Хек, а Мајами се врати во натпреварот и го израмни резултатот во 24. минута, кога Меси му асистираше на Жорди Алба.

Само три минути подоцна, Мајами го дуплираше водството преку Саговија, а истиот играч го дуплираше водството на Мајами во судиското продолжение во првото полувреме.

Во вториот дел од натпреварот, Меси го одлучи мечот запишувајќи се во листата на стрелците во 60. минута, а потоа во 75-та ги постави конечнит 5-1.

Интер е на петтото место во табелата на МЛС првенството со 41 бод, но има три натпревари зад првопласираниот Синсинати, кој има 48 бода. Тимот од Мајами учествуваше на Светското клупско првенство на ФИФА, поради што пропушти неколку натпревари.

Се вчитува...