Вирц дебитираше за Ливерпул, хет-трик на Дарвин Нуњез

Флоријан Вирц го имаше своето деби во дресот на Ливерпул откако најскапото засилување во историјата на Премиер-лигата ги одигра првите 45 минути на контролниот меч со Стоук што „црвените“ го добија со 5-0.

Вирц не настапи на премиерата против Престон, но денеска доби шанса од Арне Слот, и тоа на позиција „десетка“, како плејмејкер зад напаѓачкото трио Салах – Дарвин Нуњез – Нгумоха. Токму Дарвин Нуњез беше во главна улога, со хет-трик во првото полувреме носејќи предност од убедливи 4-0 (еден гол беше дело на младиот Нгумоха).

Слот потоа на паузата се реши за бројни измени во составот, па Ливерпул до крајот успеа да постигне само уште еден погодок, преку Федерико Киеза.

Луис Дијаз воопшто не настапи на овој меч, уште еден знак дека „црвените“ се подготвуваат за продажба на колумбискиот крилен офанзивец.

Се вчитува...