Ливерпул вечерва тргнува на долг пат кон Азија, каде новиот англиски првак ќе ја мине следната фаза од подготовките играјќи контролни натпревари во Хонг Конг и во Јапонија.
На списокот на тренерот Арне Слот се најдоа 29 фудбалери, но не се појави името на Федерико Киеза, италијанскиот напаѓач кој е поврзуван со заминување од „Енфилд“ и враќање назад во татковината. Киеза постигна гол на денешниот тренинг-меч против Стоук што Ливерпул го доби со 5-0, но јасно е дека тој не е дел од плановите на Слот и дека доколку пристигне соодветна понуда ќе добие зелено светло за трансфер.
Ливерпул ќе одигра пријателски средби со Милан и со Јокохама, а големи се шансите до дуелот со италијанскиот гигант на тимот во Азија да му се приклучи и новото засилување Екитике, доколку до вторник биде официјализиран неговиот трансфер од Ајнтрахт.
Liverpool’s 29-man squad for pre-season tour of Asia. 🔴✈️ pic.twitter.com/O2sVck5hEM
— The Anfield Buzz (@TheAnfieldBuzz) July 20, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

