Манчестер Јунајтед го добива долгоочекуваното засилување

Манчестер Јунајтед наскоро и официјално ќе ги засили редовите со Брајан Ембеумо откако камерунскиот репрезентативец успешно ги помина медицинските прегледи.

Ембеумо е долгоочекувано засилување за „црвените ѓаволи“. Преговорите траеја уште од почетокот на преодниот рок, а беше постигнат договор за обесштетување од фиксни 65 милиони фунти и дополнителни шест милиони фунти низ бонуси со тоа што обесштетувањето ќе биде платено на четири рати.

Очекувањата за 25-годишникот кој изминатата сезона постигна 20 голови во Премиерлигата се големи и во него се гледа решение за проблемите во нападот на Манчестер Јунајтед кој во една од најлошите сезони во својата историја постигна само 44 голови.

Се вчитува...