Манчестер Сити ова лето ќе се засили и на голманската позиција каде голема желба на тренерот Пеп Гвардиола е ангажман на Диого Коста, 25-годишниот португалски репрезентативец кој со успех настапува за Порто.
Според англиските медиуми преговорите се веќе започнати и Манчестер Сити се надева дека ќе реализира трансфер вреден 60 милиони евра за голманот кој минатата сезона забележа 19 натпревари без примен гол на 43 одиграни средби.
Коста потекнува од младинската школа на Порто и е стандерден член на првиот тим од 2019 година. За Португалија настапува од 2021 година и неодамна ја освои Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

