Евентон не сака за ниту една цена да остане без услугите на Џордан Пикфорд па ќе му понуди на англискиот репрезентативен голман нов, побогат договор, пренесуваат медиумите на „Островот“.
Договорот на 31-годишникот е со важност до 2027 година, но ќе добие нов четиригодишен договор со поголеми примања од шестте милиони евра по сезона која ги заработува сега.
Пикфорд кој е незаменлив дел од Евертон и нема „преседено“ натпревар од 2022 година важи за еден од најдобрите голмани на денешницата. Неговата фантастична форма го задржа клубот во Премиерлигата па сега следи и награда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

