ОФИЦИЈАЛНО: Брајан Мбеумо е нов фудбалер на Јунајтед

Манчестер Јунајтед официјално го објави ангажманот на Брајан Мбеумо, со што конечно заврши долготрајната трансфер сага која траеше повеќе од два месеци.

Ембеумо е долгоочекувано засилување за „црвените ѓаволи“. Преговорите траеја уште од почетокот на преодниот рок, а беше постигнат договор за обесштетување од фиксни 65 милиони фунти и дополнителни шест милиони фунти низ бонуси со тоа што обесштетувањето ќе биде платено на четири рати.

Очекувањата за 25-годишникот кој изминатата сезона постигна 20 голови во Премиерлигата се големи и во него се гледа решение за проблемите во нападот на Манчестер Јунајтед кој во една од најлошите сезони во својата историја постигна само 44 голови.

Се вчитува...