Се погласни се шпекулациите дека Александар Митровиќ ќе го напушти Ал Хилал ова лето, а сега пристигна и конкретна понуда за него.
Откако Симоне Инзаги стана тренер на клубот од Ријад, се шпекулира дека тој не смета на српскиот напаѓач, поради што ќе го напушти тимот ова лето.
Најновите информации велат дека Бирмингем испратил понуда до Ал Хилал за Митровиќ и дека постои голема веројатност трансферот да се случи.
Англискиот тим моментално игра во Чемпионшип, лига во која Србинот ги помина најдобрите денови од својата кариера.
Бидејќи Митровиќ влегува во последната година од договорот со Ал Хилал, се очекува дека ќе сакаат да го продадат и на тој начин да заработат од неговиот трансфер.
Некои други клубови се заинтересирани за напаѓачот, но засега само Бирмингем испрати конкретна понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

