Ливерпул беше многу активен на трансфер пазарот ова лето, а откако се договори за сè со Хуго Екитике, уште едно име е блиску до „Енфилд“.
„Црвените“ беа импресивни минатата сезона под тренерската палка на Арне Слот и ја освоија јубилејната 20. титула во Англиското првенство.
Холандскиот стратег имаше сезона од соништата за дебитантско деби и врз основа на тоа, ќе се обиде да го подигне нивото на игрите на својот тим уште повисоко.
Имено, англиските медиуми пишуваат дека „црвените“ се заинтересирани за услугите на белгиското „чудо од дете“ кое доаѓа од Лион, Малик Фофана.
Фофана е крилен напаѓач кој кариерата ја започна во Гент, а од минатото лето игра за Лион. Минатата сезона одигра 41 натпревар во сите натпреварувања за францускиот клуб, постигнувајќи 11 гола и запишувајќи шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

