Челси и ова лето е еден од најактивните клуботи на трансфер маркетот. „Сините“ веќе ги ангажираа Паез, Сар, Есуго, Естевао, Делап, Педро и Гитенс, следен кој ќе се приклучи на тимот се очекува да биде Чави Симонс, а по него следи и трансфер на еден од најдобрите млади фудбалери.
Станува збор за Јорел Хато, 19-годишниот холандски стопер од редовите на Ајакс со кој веќе се договорени личните услови и започнати преговори со холандскиот гигант за трансфер кој ќе го чини клубот од „Стемфорд Бриџ“ околку 40 милиони евра.
Хато е младински репрезентативец на Холандија кој потекнува од младинската школа на Ајакс и веќе има прволигашко искуство со речиси 100 настапи од кои 17 во Лига Европа.
Сепак за реализација на истиот без прекршуање на финансискиот фер-плеј потребно е Челси да се ослободи од неколку фудбалери со тоа што веќе се водат активни преговори за заминување на Нкунку, Стерлинг, Феликс, Чилвел, Виега и Дисаси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

