ОФИЦИЈАЛНО: Екитике е ново засилување за Ливерпул

Францускиот напаѓач Уго Екитике е нов фудбалер на Ливерпул.

Англискиот шампион објави дека е постигнат договор со Ајнтрахт во врска со трансферот на Екитике, кој ќе стане вториот највреден трансфер ова лето во Европа и Премиерлигата.

„Црвените“ му платија на Екитике 80 милиони евра, со два бонус пакети. Првиот, полесниот, доколку играчот го постигне, Ајнтрахт ќе добие дополнителни десет милиони, како и дополнителни пет, доколку играчот исполни потешка задача со клубот, како услов за вториот бонус.

Во текот на денот, Екитике успешно ги помина медицинските прегледи во својот нов клуб и наскоро ќе им се придружи на своите нови соиграчи на азиската турнеја.

Пред Ајнтрахт, играше за Ремс и Пари Сен Жермен.

Се вчитува...