Манчестер сити целосно потфрли во речиси сите натпреварувања минатата сезона, а во десетгодишната ера на Гвардиола во овој клуб, таков пад никогаш порано не се случил.
Но, челниците на Манчестер Сити, како и обично, решија да ја демонстрираат својата моќ и да му стават на располагање на Гвардиола огромна сума пари за засилувања со цел да го вратат тимот на самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.
Англискиот клуб веќе направи неколку звучни засилувања, а најистакнато е Рејндерс, кој дојде од Милан за 55 милиони евра, додека Рајан Черки (Лион) и Рајан Еит-Нури (Вулверхемптон) беа платени по 37 милиони евра.
Сепак, англиските медиуми наведуваат дека шпанскиот стручњак сака да ја засили позицијата десен бек, која стана рак-рана за Манчестер Сити откако Кајл Вокер јасно ја одигра својата улога во дресот на овој клуб.
Гвардиола сака да ја засили позицијата десен бек и веќе знае кого треба да донесе клубот, па затоа е подготвена понуда од 50 милиони евра.
„Сан“ пишува дека најголемата желба на Гвардиола е Тино Ливраменто од Њукасл, а Сити покажа огромен интерес за него, и во нивна корист е што 22-годишникот сака да оди на „Етихад“. Ливраменто им дал до знаење на шефовите на Њукасл дека сака да го напушти клубот и да направи кариерен потег и се надева дека нема да му предизвикаат никакви проблеми.
Манчестер Сити е подготвен да плати 55 милиони евра за него, што е повеќе од одредената цена на Њукасл, кој побара 40 милиони евра, па Гвардиола се обидува да ја заврши работата што е можно поскоро.
🚨 Manchester City have made a fresh approach for Newcastle full-back Tino Livramento.
They are willing to pay £50M.
(Source: @tbrfootball) pic.twitter.com/1hYiTC7An3
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 26, 2025
Ливраменто импресионираше минатата сезона во дресот на Њукасл, каде што пристигна пред две години од Саутемптон за речиси 38 милиони евра. Патем, тој помина низ младинската академија на Челси, но никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим на лондонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

