Напаѓачите на Ливерпул, Дарвин Нуњез и Луис Дијаз, не се во составот за пријателскиот натпревар со Милан и веќе и дефинитивно ќе го напуштат клубот ова лето. Колумбиецот Луис Дијаз најверојатно оди во Баерн, додека не е познато каде ќе заврши Уругваецот Дарвин.
26-годишниот напаѓач Дарвин Нуњез, пристигна во Ливерпул пред три години од Бенфика во трансфер вреден 85 милиони евра. Не беше толку ефикасен како што се очекуваше и постигна 40 гола за три сезони, односно 143 настапи. Минатата сезона беше неговата најлоша за „црвените“. Постигна само седум гола во 47 натпревари.
Колумбиецот Луис Дијаз, 28-годишен крилен напаѓач, кој пристигна од Порто во 2022 година за 54 милиони евра, исто така е на пат да си замине. Дијаз имаше малку подобра минатата сезона од Нуњез. Постигна 17 гола во 50 настапи. Но, кога се гледа целокупниот настап, Дијаз е на исто ниво како Нуњез откако пристигна во Ливерпул. Тој одигра 148 натпревари и постигна 41 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

