Арсенал во меч со пет гола подобар од Њукасл (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал славеа во еден крајно интересен натпревар против Њукасл со 3-2 на стартот на подготовките на двата тима за новата сезона во Премиерлигата.

Водство за Њукасл од 0-1 донесе новата аквизиција Еланга во 6. минута. „Топчиите“ израмнија на 1-1 преку Мерино во 33. минута, а само две минути подоцна беше 2-1 со автоголот на Алекс Марфи.

Ново израмнување (2-2) донесе Џејкоб Марфи во 58. минута, додека конечните 3-2 ги постави Одегард во 84. минута од пенал.

Arsenal [3] – 2 Newcastle United – Martin Odegaard (penalty) 84‎'‎
byu/gbogaz insoccer

Се вчитува...