Погачар со шок изјава по испишаната историја на „Тур де франс“

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана најмладиот велосипедист во историјата кој четири пати успеал да триумфира на најпрестижната трка во светот „Тур де Франс“.

И покрај тоа што има само 25-години Погачар веќе размислува за пензија која како што вели самиот голема е веројатноста дека ќе се случи по Летните олимписки игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес.

„Нема веднаш да се пензионирам, но се гледам уште долго во професионалниот велосипедизам. Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година ми се цел, но потоа сериозно ќе размислам за повлекување“, откри Погачар кој не верува дека ќе биде дел од натпреварувачите кои во 2029 година ќе ја возат најпрестижната трка во светот „Тур де Франс“ во неговата Словенија.

„Неверојатно ми е дека Тур ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и доколку не сум натпреварувач“

Се вчитува...