Бенфика го официјализираше најголемото засилување во летниот преоден рок комплетирајќи го трансферот ан 21-годишинот Фрањо Ивановиќ, хрватскиот репрезентативец кој пристигна од редовите на Унион Сент Жилоа.
Ивановиќ имаше сезона од соништата предводејќи го својот тим до титулата во белгиското првенство, што беше препорака за бројни клубови летово да тргнат во трка за неговиот потпис. Бенфика сепак реагираше најдобро, по неуспешните преговори за Жоао Феликс вниманието целсно беше насочено кон Хрватот, за на крајот да биде постигнат целосен договор за овој трансфер.
Португалскиот гигант ќе плати 22,8 милиони евра за Ивановиќ, а белгискиот тим ќе има и 20% од следниот трансфер на хрватскиот репрезенттивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

