Некогашниот голем талент на англискиот фудбал Деле Али ќе се пензионира на 29-годишна возраст, откриваат англиските медиуми.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем поради честите повреди никогаш не успеа да го покаже својот потенцијал па по заминувањето од северен Лондон со настапите во Евертон и Бешикташ беше само бледа слика од квалитетот кој го поседуваше.
Последната сезона ја помина во Комо каде настапи само 10 минути во кои успеа и да добие црвен картон па од 15. мај и го загуби местото во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

