Германскиот будеслигаш Лапциг за кој настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го доживеа првиот пораз во подготовките за новата сезона. На патот до нова победа застана Аталанта која славеше со 1-2 и тоа по целосен пресврт во последните пет минути од регуларниот дел од мечот.
Опенда донесе водство за Лајпциг во 12. минута од средбата, а истата беше задржана во 85. минута кога Скамака прво изедначи на 1-1 па Бернаскони донесе целосен пресврт со гол во 90. минута.
Македонскиот репрезентативец настапи во второто полувреме кога германскиот тим направи компетна промена на составот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

